Препораки за правилно миење на лицето

Миењето на лицето е најосновниот и најбитниот чекор во секоја рутина за нега на кожата! Нашата кожа секој ден доаѓа во контакт со надворешните полутанти, бактерии, вируси, нечистотии и останати фактори кои задолжително мора нежно да се отстранат. Основното правило е дека лицето треба да го миете два пати во денот: наутро и навечер. Миењето на лицето е многу битно за да спречиме затворање на порите, појава на акни и изглед на безживотна кожа. Дневното миење на лицето и дава на кожата свеж, здрав и блескав изглед.

Додека наутро се препорачува миење на лицето со нежно средство на база на вода (пена или гел) со ниска ПХ вредност, навечер се препорачува двојно миење на лицето: 1. средство на база на масло (маслен чистач) и 2.нежно средство на база на вода (пена или гел). Миењето на лицето во вечерната рутина започнува со маслениот чистач кој има функција да ги отстрани вишокот маснотии од кожата, шминката и остатоците од производите кои се на база на масло, додека пената или гелот за миење на лицето ќе ги отстрани сите останати траги од нечистотии длабоко одвнатре во порите. Магијата на двојното чистење ќе резултира со најчисти пори и најчисто лице, кое е комплетно подготвено за нанесување на наредните производи од вашата вечерна рутина и нивно подобро и полесно апсорбирање во кожата.

Проследете ги нашите DO’S и DON’TS за миењето на лицето. 👇

  1. Препорака за чистачи за лице за двојно чистење на лице: Purito From Green Cleansing Oil и Purito Defence Barrier Ph Cleanser 👇

2. Препорака за чистачи за лице за двојно чистење на лице: Banila Co Clean it Zero Original  и  Laneige Multi Deep-Clean Cleanser 👇

 


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница