Опис
SKIN 1004 Zombie Pack Set е пакет за затегнување и подигнвање на порите, истовремено ја подобрува и проблематиката која што е поврзана со кожата.
Содржи албумен, или екстракт од белка од јајце за борба против митесери и бели точки, нежен пилинг за изедначување на текстурата и тонот на кожата. Исто така содржи и пантенол за да се обезбеди длабока хидратација на кожата без чуство на сувост и затегнатост по чистењето.
Дозволете SKIN1004 ZOMBIE Mask and Activator Set да ја дијагностицира вашата кожа!
Почекајте производот да се исуши на вашето лице, а потоа проверете ја вашата кожа. Ако маската има нерамна површина на тоа место, повеќе сте склони кон брчки на тој дел, а ако е испукана, дехидрирани сте.
Содржи екстракт од цвет од Арника Монтана, екстракт од ехинацеа ангустифолија, аденозин и други активни состојки кои ефикасно се грижат за еластичноста и здравјето на кожата.
Сетот содржи:
SKIN 1004 Zombie Pack Powder: 2g x 8ком / SKIN 1004 Zombie Pack Activator: 3.5ml x 8ком / 1 четка
*Производот содржи белка од јајце, што може да предизвика чувствителност. Направете тест на мала површина пред првата употреба!