15% попуст Добивате 11 Поени!

Pyunkang Yul Mist Toner 100ml

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

Нема на залиха

Производот не е достапен

Со нарачка од само 300 денари добиваш бесплатна достава!

– обезбедува брзо и ефикасно смирување на иритираната и сензитивна кожа и ѝ дава длабока хидратација и навлажнување. – содржи 91.9% екстракт од корен од Coptis Japonica кој обезбедува инстантна хидратација, но и смирување на кожата. – текстурата на овој тонер е течна и налик водеста, која одлично се апсорбира во кожата и дава инстантен навлажнувачки ефект и одлично чувство на разладување – во својот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои и ниту една штетна состојка која може да предизвика кожни проблеми.
Позиционирајте го тонерот/мистот ~20cm од вашето лице, испрскајте соодветно и потоа нежно тапкајте го на лицето за подобра апсорпција. Или натопете козметички памукчиња во овој тонер/мист и поминете го цело лице. Кога и да ја почувствувате вашата кожа сува, испрскајте од овој тонер/мист да ја одржите навлажнета и хидрирана кожата. Овој производ е ултра лесен и може да се користи како финиш на вашата шминка.
Coptis Japonica Extract, 1,2-Hexanediol, Butylene Glycol, Glycerin, Sodium Hyaluronate

Опис

Pyunkang Yul Mist Toner обезбедува брзо и ефикасно смирување на иритираната и сензитивна кожа и ѝ дава длабока хидратација и навлажнување на сувата кожа. Во својот состав содржи 91.9% екстракт од корен од Coptis Japonica кој обезбезува инстантна хидратација, но и смирување на кожата подготвувајќи ја за наредните чекори од рутинската нега. Текстурата на овој тонер е течна и налик водеста, која одлично се апсорбира во кожата и дава инстантен навлажнувачки ефект и одлично чувство на разладување. Во својот состав содржи само 6 основни и здрави активни состојки со висока концентрација кои значително ја намалуваат иритацијата на кожата и ја смируваат загреаната и зацрвенета кожа. Во составот на овој тонер/мист нема присуство на ниту една штетна состојка која може да предизвика кожни проблеми. Овој тонер/мист се препорачува за сите типови на кожа особено за проблематична кожа склона на акни и масна кожа. Ја смирува и третира иритираната и зацрвенета кожа која лачи вишок себум.

 

Главната состојка во овој тонер/мист е екстрактот од корен од Coptis Japonica. Наместо прочистена вода, како главна состојка е користен екстрактот од корен од Coptis Japonica, кој е добро познат како високо ефикасна хербална состојка која брзо и ефикасно ја смирува, хидрира и навлажнува загреаната и зацрвенета кожа. Коренот од  Coptis Japonica изобилува со разновидни алкалоиди кои се задолжени за заштитување на проблематичната кожа од штетните надворешни фактори и стресори.

 

Pyunkang Yul Mist Toner  е EWG сертифициран производ, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во неговиот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои.

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница