15% попуст Добивате 42 Поени!

PURITO From Green Cleansing Oil Сет 200ml + REFILL 200ml

2.490ден 2.117ден

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

33 на залиха

Потроши уште 4000 ден. и добиваш БЕСПЛАТЕН подарок ANUA Heartleaf Pore Control Cleansing Oil MINI 20ml во вредност од 690,00 денари

За разлика од конвенционалните производи со масла за чистење со состав од синтетички масла, From Green Cleansing Oil има состав од само есенцијални природни масла, и по чистењето со овој маслен чистач не е потребно уште едно чистење на кожата. Како и да е, двојно чистење на кожата е потребно кога треба да отстраните шминка од лицето. Во тој случај, откако ќе го исчистите лицето со маслениот чистач, второто чистење треба да е со чистач со послаба киселост (пониска ПХ вредност) кој ја заштитува кожната бариера.
Во составот на овој производ има масло од семе од јојоба директно изведено од природата како и масло од семки од грозје кои се главните чистачи и со кои лесно се отстранува шминката од кожата на лицето. Ќе доживеете моќен ефект на чистење од нежни и природни состојки.
Преку перфектен процес на емулзификација, From Green Cleansing Oil се грижи за себумот заглавен длабоко во порите. Вистинскиот процес на емулзификација комбиниран со ролинг масажа е вистинската комбинација за целосно и успешно отстранување на нечистотиите од порите на кожата.
Вообичаено кога ќе почувствувате болка или печење на вашите очи, тоа е бидејќи сте користеле производ кој во својот состав има синтетички масла, како што е минералното масло. Со From Green Cleansing Oil отсега може да уживате без ниту една иритација на очите, бидејќи овој производ во својот состав има само природни масла како и други неопходни активни состојки.
Производот има лесна текстура и на тој начин го поправивме чувството на масна и безсјајна кожа кое може да го предизвикаат природните масла. Маслениот чистач има лесна текстура, доволна за да пенетрира во кожата, и со него да се масира кожата. Користевме хидрофилични масла кои помагаат во ослободување на чувството на масна кожа по миењето на лицето со водата, резултирајќи со чувство на чистина и свежост.
1. Испумпајте соодветна количина од маслото на дланката и масирајте на сува кожа. 2. Темелно исплакнете со млака вода.

Опис

За мене

Нежно и чисто со пет есенцијални масла директно од природата.

Маслениот чистач е нежен производ и има смирувачки ефект. Во својот состав има само здрави природни масла наспроти агресивните синтетички масла. Маслениот чистач целосно и нежно ги отстранува кремата за сончање и шминката од кожата. Содржејќи ништо друго освен суштински состојки и пет различни хранливи и богати есенцијални масла, овој маслен чистач на кожата ви овозможува да го исчистите вашето лице без никаква иритација на кожата и очите. Хидрофилните есенцијални масла одлично емулзифицираат, нежно растопувајќи ја секоја шминка заедно со нечистотијата и себумот кои се длабоко во вашите пори на лицето.

*Што е емулзија?

Кога во маслениот чистач е додадена вода, тој се претвора во млечна супстанца. Овој процес се нарекува емулзија. Се однесува на феноменот каде што маслениот чистач пенетрира во порите и се комбинира со вода, постигнувајќи густина која е полесна од масло и ги извлекува нечистотиите длабоко навлезени во порите. Кога користите маслен чистач за отстранување на шминката, ефективниот процес на емулзија овозможува целосно отстранување на сите нечистотии во кожата, како што се црните и белите митесери.

Клучно

Пријатно & Лесно природно масло

Станува збор за маслен чистач чија база се природни растенија, кое со сигурност ќе ја исчисти вашата кожа на лицето без никаква иритација и проблеми. Не остава никаква масна трага.

Ефикасна нега на себумот

Претераното стимулирање на кожата да се отстрани себумот, ја оштетува кожата и ги проширува порите. Со маслениот чистач составено од природни масла  и прецизен процес на емулзија без никаква кожна иритација ефикасно и на природен начин ќе го отстраните себумот и нечистотиите навлезени длабоко во порите.

Нежно, а сепак ефикасно!

Петте есенцијални природни масла ја отстрануваат кремата за сончање и шминката нежно, но сепак ефикасно без крутост и затегнување на кожата. Ефикасно ги отстранува нечистотиите насобрани во кожата и дава лесно и освежувачко чувство.

Ефекти на 5те природни масла

  • Масло од маслинки

Богато со Витамин Е, маслото од маслинки создава влажна бариера на кожата, што обезбедува влажност на сувите делови додека и помага на кожата да го одржи балансот на нејзината влажност. Маслото од маслинки исто така ја заштитува кожата од стареење бидејќи Витаминот Е во маслото од маслинки е отпорен на активниот кислород кој предизвикува предвремено стареење на кожата.

  • Масло од семето од сончоглед

Маслото од семе од сончоглед ги содржи основните масни киселини и лецитин, супстанци кои се наоѓаат во клетките на човечкото тело. Го контролира себумот, ја смирува кожата, има антиоксидативни својства што помага во заштитата на стареењето на кожата. Понатаму, маслото е исто така соодветно за користење на масна кожа бидејќи не предизвикува појава на акни или други видови на кожни проблеми.

  • Масло од семе од јојоба

Богато со витамини и минерали, маслото од семе од јојоба ја заштитува кожата од надворешните агресивни влијанија и нуди фантастичен хидратантен ефект. Понатаму, маслото од семе од јојоба го контролира производството на себумот и има ефект на длабоко чистење на порите, отстранувајќи ги сите нечистотии.

  • Масло од сладок бадем

Маслото од сладок бадем  има одличен хидратантен ефект и го намалува чешањето на сувата кожа. Исто така е богато со Витамин А и Витамин Е кои имаат одличен ефект во подобрување на проблемите со воспаленија на кожата и акните додека ги омекнува лесните лузни.

  • Масло од семе од грозје

Маслото од семе од грозје ги апсорбира нечистотиите во порите на кожата и помага целосно да се исчисти кожата. Исто така помага кожата да се регенерира, содржејќи полифенол кој го спречува стареењето на кожата.

 

Супер Тип!

Како се користи Маслениот Чистач

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница