10% попуст Добивате 23 Поени!

PURITO Dermide Cica Barrier Sleeping Pack

1.260ден 1.134ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

51 на залиха

Ова се случува заради оштетена кожна бариера. Кога кожната бариера е оштетена, не може да создаде силна влажна подлога додека спиете, резултирајќи со загуба на влажноста. Кога кожата ја нема потребната влажност, се активираат лојните жлезди и себумот се лажи прекумерно од порите. Со оглед на овој феномен, ние мора да ја зајакнеме кожната бариера додека спиеме, за да се разбудиме секое утро со хидрирана кожа и перфектен баланс на маснотија и влажност.
Кожната бариера припаѓа на последниот епидермален слој на кожата, со улога да ја заштитува кожата од надворешните влијанија во прв ред на одбрана. Кожната бариера ја спречува загубата на влажноста и хранливите состојки од кожата, однесувајќи се како заштитен слој на човечкото тело. Различните кожни заболувања се резултат на оштетена кожна бариера, како што се загуба на влажност, црвенило, останати кожни проблеми, стареење на кожата, резултирајќи во кожа која станува се посензитивна. Состојките идентични на кожата се супстанци кои ги надополнуваат липидите кои ја формираат кожната бариера. Бидејќи тие се многу слични на структурата на кожата, тие обезбедуваат ефект на зајакнување на кожната бариера.
Може да ја користите и во текот на денот и навечер исто така.
Скваланот во овој производ е состојка која е изведена од растенија. Dermide Cica Barrier е 100% вегански производ.
„Златното време" за кожата е временскиот период од 22 часот до 02 часот наутро, кога кожата го достигнува највисокото ниво на регенерација. Мелатонинот, кој е заслужен за регенерација на кожата која е оштетена од УВ зраците и ја зајакнува кожната бариера, се испушта од нашето тело додека спиеме. Заради тоа, може да одржите здрава кожа со спиење за време на „златното време„ согласно вашиот биоритам. Аплицирајќи ја вечерната маска која ја зајакнува кожната бариера и помага во регенерацијата на кожата и спиете за време на „златното време„, синергетскиот ефект ќе обезбеди подобра нега за кожата.

Опис

За мене

Во време кога вашата кожа се регенерира, понудете и на вашата кожа длабок одмор кој е поздрав од оној вчерашниот!

Понудете и секоја вечер, длабок одмор на вашата кожа која е иритирана од штетните влијанија преку денот. Ќе ја зајакнете кожната бариера со екстрактот од азиска центела кој ја смирува иритираната кожа, како и супстанците: Керамиди, Сквален и Хијалуронска киселина кои исто така помагаат во оздравување на оштетената кожна бариера.

Секое утро ќе се разбудите со хидрирана кожа, на тој начин што се создава влажна заштитна подлога преку кожната бариера и се спречува губење на влажноста додека спиете навечер. Обновете ја вашата уморна кожа заради недоволно спиење како и активното и брзо секојдневие со оваа Dermide Cica Barrier вечерна маска, пред спиење која создава нова здрава кожа.

Предности

  • Пријатна вечерна маска за користење со текстура на лесен гел-крем и нелепливост.

Дали некогаш сте имале искуство со користeње на вечерна маска и сте биле вознемирени заради тоа што маската оставила траги насекаде по јастукот?

Дали некогаш сте имале искуство со користeње на вечерна маска, но не сте спиеле добро заради лепливото и запуреното чувство предизвикано од маската?

Тогаш треба да ја пробате лесната и хидратантна Dermaid Cica Barrier вечерна маска. Оваа вечерна маска систематски ја подобрува вашата кожа, започнувајќи од внатрешната сувост бидејќи нежно навлегува длабоко во кожата.

Наместо да остане на површината на кожата, навлегува длабоко во кожата без да ги затвори порите. Искусете екстра нега на вашата кожа додека спиете со оваа извонредна вечерна маска.

  • Супстанци кои ја зајакнуваат кожната бариера и резултираат со хидрирана кожа секое утро!

Кога станува збор за основните компоненти на интерцелуларните липиди, во составот на оваа вечерна маска има Керамиди кои ја заштитуваат кожата, Сквален кој ја заштитува влажноста на кожата со создавање на тенок слој на себум преку кожата, и Хијалуронска киселина која е природна состојка за хидратација на кожата.

Овие три супстанци заеднички делуваат на зајакнувањето на кожната бариера. Понатаму, се формира здрав тенок слој на влажност преку кожната бариера кој помага во намалувањето на губиток на влажноста, кој вообичаено настанува додека спиете навечер. Разбудете сè секое утро со кожа со перфектен баланс на маснотија и влажност.

  • Нега и третман за кожата започнувајќи од внатрешната сувост!

Дали сте загрижени дека немате време да се грижите за вашата кожа во текот на екстра брзиот и зафатен ден? Тогаш пробајте ја вечерната маска во текот на ноќта, „златното време„ за регенерирање на кожата. Имајте здрава кожа со едноставно и регуларно користење на оваа вечерна маска.

Дали сте уморни од користење на толку многу производи во вашата ноќна рутина секоја вечер?

Тогаш обезбедете ѝ  на вашата кожа интензивна нега за внатрешната сувост со користење на оваа вечерна маска наместо хидратантна крема. Оние денови кога сте навистина премногу уморни, аплицирајте два слоја од вечерната маска да обезбедите перфектно хранење и влажност на вашата кожа.

  • Здрава нега на кожата со безбедни состојки и без есенцијални масла.

Состојките на вечерната маска се најбитни заради фактот дека тие дејствуваат на вашата кожа додека спиете навечер. Ако имате екстремно сензитивна кожа и сакате да имате покомфорно и спокојно спиење, пробајте ја нашата вечерна маска која не содржи никакви парфеми ниту есенцијални масла.

Оваа маска за спиење е целосно безбедна за користење на сензитивна кожа бидејќи нејзиниот состав нема ниту една од 20те опасни супстанци. Имајте здрава кожа со безбедни состојки.

Состојки

Water, Centella Asiatica Extract (strengthens skin barrier), Caprylic/Capric Triglyceride (occlusive), Glycerin (humectant), Squalane (occlusive), Jojoba seed oil (occlusive), Cetearyl Alcohol (emulsifiers), Potassium Cetyl Phosphate (emulsifiers), Sunflower Seed Oil (skin-conditioning agents), Butylene Glycol (humectants), Polyglyceryl-3 Methylglucose Distearate (emulsifiers), 1,2-Hexanediol (stabilizers), Madecassoside (strengthens skin barrier), Asiaticoside (strengthens skin barrier), Madecassic Acid (strengthens skin barrier), Asiatic Acid (strengthens skin barrier), Panthenol (strengthens skin barrier), Ceramide NP (strengthens skin barrier), Sodium Hyaluronate (natural moisturizing factor/ humectants), Hydroxyacetophenone (product stabilizers/antioxidants), Sodium Carbomer (viscosity increasing agents), Hydrogenated Lecithin (emulsifiers), Hydroxyethylcellulose (viscosity increasing agents), Green tea extract (soothing)

Како се користи

Чекор #1

1.Секоја вечер, како последен чекор од вашата рутина за нега на кожата, нежно нанесете соодветно количество од вечерната маска на вашата кожа.

Чекор #2

Без да измивате, оставете ја кожата целосно да ја апсорбира содржината и легнете сѝ.

Супер Тип!

Оние денови кога вашата кожа ја чувствувате особено сензитивна и сува, аплицирајте 2-3 слоја од вечерната маска, за појак хидратантен ефект.

X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница