Опис
PURITO Daily Soft Touch Sunscreen е СПФ крема дизајнирана за двојна заштита, притоа е брзо абсорбирачка, лесна крема наменета за комбинирана и масна кожа. Преку долг и исцрпен транспарентен процес на тестирање, оваа крема има докажано широк спектар на заштита и ја носи ознаката SPF50+ и има добиено највисока оцена за UV филтри PA++++. Меката и нежна формула е дополнета со 5 вида на Керамиди со што дополнително се зајакнува кожната бариера. Керамдите NS, NP, AS, AP и EOP работат заедно синхронизирано за да ја заштитат кожата од надворешните влијанија и да притоа длабоко ја хидрираат кожната бариера. Исто така, оваа неиритирачка формула освен што не е леплива и не масна, не остава и бели трагови.
Дополнително, во самата формула има уште 4 skin-loving состојки што допринесуваат максимална функционалност и пријатен ефект за вашата кожа. Екстрактот од Centella Asiatica попзнат како Cica, помага да се омекне сенситивната и иритирана кожа. Пантенолот и токоперолот помагаат за зачувување на хидрацијата и ја заштитуваат кожата од надворешните фактори, додека Alpha-Bisabolol ја подржува целата структура и ја прави формулата лесна.