Опис
За мене
Невидливо покривање со брз и ефикасен третман на акните и нега за лузните.
Пробајте ги Purito All Care Recovery Spot Patch кои имаат антивоспалително дејство со природно и невидливо покривање и брза нега и третман на акните без создавање на лузни. Станува збор за целосен третман за акните кој нуди решенија за комплетно сè,
започнувајќи со смирување на акните во нивна прва фаза, до екстракција на комедони и нега на раните од акни по нивно истискување. Изработени се со високо ниво на хидроколоид кој ја апсорбира течноста од раните и создава влажна средина да помогне што побрзо да зараснат раните создадени од акните. Исто така, ги смируваат воспалените акни уште во прва фаза со состојки од Asiaticoside, Madecassic Acid и Asiatic Acid и исто така нуди CICA нега. Исто така, даваат заштита на гнојните акни од надворешните иритации, осигурувајќи да не дојде до нивно пукање, додека помагаат во процесот на чисто извлекување на гнојот и комедонот.
Зошто да ги изберете овие лепенки?
Даваат природно и невидливо покривање
Краевите на лепенките се потенки од центарот за да подобро се залепи лепенката.
Станува збор за одлична матирана лепенка која обезбедува природен изглед и е невидлива за око.
Tап, тап! Лесно нанесување и отстранување!
Формата на лепенката обезбедува нејзино лесно отстранување од кожата. Лепенката може да се залепи на хигиенски начин без ризик за секундарна контаминација или набраздување предизвикано од ноктите.
Непречено користење!
Водоотпорноста е клучна! Оваа лепенка не се одлепува лесно од кожата дури и кога го миете лицето со вода или вежбате.
Брза нега за лузните!
Овие лепенки го задржуваат кислородот и влажноста за да ги заштитат раните од сушење помагајќи во процесот на заздравување.
Како да ги користите
https://youtu.be/Vi-jfSo_8Us