Опис
Resist Barrier Repair Moisturizer содржи посебен комплекс на состојки кои докажано и помагаат на кожата која старее, да се подмлади и биде здрава и сјајна. Составот изобилува со состојки кои помагаат во производството и чување на колагенот, спречува губење на влажноста од кожата, обновувајќи ги состојките кои се неопходни за заштитување на заштитниот слој на кожата и ги намалува воспаленијата благодарение на ефикасните антиоксиданси. Во својот состав содржи ниска концентрација на ретинол 0,01%. Оваа навлажнувачка крема овозможува свиленкаста хидратација идеална за нормална до сува кожа. Ги намалува слободните радикали и штетните надворешни влијанија. Прекрасен избор за чувствителна кожа и кожа со розацеа. Исто така може да се користи и околу очи. Во составот нема присуство на вештачки мириси и бои.