Опис
Крем за сончање со хемиски филтри нуди максимална заштита од UVA и UVB зрачење со заштитен фактор SPF50+ PA++++. Благодарение на ферментираните состојки од соја длабински ја храни и интензивно ја хидрира кожата. Формулата е збогатена со моќен коктел од растителни екстракти, хијалуронска киселина, ниацинамид и аденозин. Оваа комбинација истовремено ја заштитува, смирува, ревитализира и ја враќа влажноста на кожата. Има лесна, водена текстура која наликува на серум, производот совршено се впива и се прилепува за лицето, што го прави одлична основа како подготовка пред нанесување шминка.




