Опис
MISSHA Triple Shadow е трио сенки за брзо и лесно шминкање на очите, кои ќе ви овозможат убава градација на бои за перфектен мејкап изглед, за само неколку секунди!
Сенките може да ги користите поединечно или во комбинација. Соодветни за користење на почетници во шминкање, кои се уште не знаат како да ги изблендаат боите или пак немаат воопшто идеја како да ги комбинираат или координираат различните нијанси за
комплетен мејкап изглед. Соодветни за користење за сите оние кои сакаат брзо да се нашминкаат.
Сенките имаат мека и кадифеста текстура: содржат арганово масло, лесно се нанесуваат без никакво размачкување. Поседуваат различни можности за користење: поединечно секоја сенка, или во комбинација две или три сенки за градуиран изглед. Бесконечни можности навистина!