Опис
Серум со минималистички состав, но супер ефикасен во борбата со проширени пори и
проблематична кожа склона на акни. Серум кој во својот состав содржи 85% екстракт од
растението камелеон (houttuynia cordata) и 9.7% екстракт од чајно дрво и успешно ги
рафинира порите и ја смирува проблематичната кожа со антибактериските и антивоспалителните својства. Со лесна текстура, која брзо се впива во кожата.
Формулиран со ЕВГ сертифицирани состојки. Без парабени, вештачки парфеми и бои,
алкохол, минерално масло, сурфактанти и алергени. Дерматолошки тестиран.