Опис
LANEIGE Water Sleeping Mask е гел маска која служи за надополнување на влажноста на кожата преку ноќ, која брзо се апсорбира додека спиете за длабока хидратација на кожата. Надополнете ја со влажност вашата кожа додека спиете со оваа иновативна маска. Маската е формулирана со високо концентрирана јонизирана минерална вода со цел да обезбеди високи дози на влажност за стресираната и сува кожа. Смирувачкиот Sleepscent™ кој содржи цвет од портокал, роза и сандалово дрво дава релаксирачко и комфорно чувство, додека екстрактите од кајсија и јаглика служат за осветлување и прочистување на уморната кожа. Резултатот е: кожата изгледа и се чувствува блескаво, освежено и меко наутро кога ќе се разбудите. Оваа гел маска се користи за: нормална, масна, комбинирана, сува и сензитивна кожа. Особено се препорачува за сува, безживотна кожа со нееднаква текстура, како и за измазнување на фини линии и брчки.