15% попуст Добивате 32 Поени!

Laneige Cream Skin Refiner Mist 120ml

1.886ден 1.603ден

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

Нема на залиха

Производот не е достапен

WATER / AQUA / EAU, BUTYLENE GLYCOL, GLYCERIN, LIMNANTHES ALBA (MEADOWFOAM) SEED OIL, 1,2-HEXANEDIOL, POLYGLYCERYL- 10 STEARATE, GLYCERYL STEARATE CITRATE, SODIUM STEAROYL GLUTAMATE, INULIN LAURYL CARBAMATE, GLYCERYL CAPRYLATE, ETHYLHEXYLGLYCERIN, PROPANEDIOL, DISODIUM EDTA, CAMELLIA SINENSIS LEAF EXTRACT, TOCOPHEROL

Опис

Овој течен тонер/хидратантна крема е единствениот од овој тип кој делува како 2 во 1 производ и тоа: како тонер кој ја омекнува и навлажнува кожата и како хидратантна крема која и дава длабока хидратација на кожата во само еден чекор. Формулиран од страна на експерти како цела хидратантна крема да е потопена во тонер со ултралесна текстура за максимална хидратација. Во својот состав има вода од листови од бел чај. Овие листови од бел чај се богати со амино киселини и ја омекнуваат, смируваат, зајакнуваат и обновуваат кожната бариера. Без присуство на вештачки бои, парфеми и состојки од животинско потекло. Формулиран со нежни состојки па заради тоа одговара на секој тип на кожа:

  • Ако имате масна кожа, може да се користи на чиста кожа како алтернатива за тешка хидратантна крема.
  • Ако имате сува кожа на која секогаш и недостасува хидратација, користете го во комбинација со вашите серуми и хидратантна крема.
  • Ако навистина немате време да ја спроведете во целост вашата рутина за нега на кожата, со оваа убавина од тонер/хидратантна крема, може да го замените чекорот тонер и хидратантна крема со само една негова апликација.

Како се користи

Tip 1. Како алетрнатива за тонер

Spray Cream Skin Mist нанесете го како тонер и нежно тапкајте го на лице за подобра и побрза апсорпција.

Tip 2.Хидратантна маска за лице

Оние денови кога вашата кожа е во лоша состојба, натопете козметички памукчиња во Cream Skin Refiner Mist, поставете ги на кожата на 2 минути и оставете ја кожата целосно да го апсорбира.

Tip 3. Мешавина

Измешајте го Cream Skin Mist со течна пудра или базата за шминка за да создадете изглед на навлажнета и блескава кожа.

Tip 4. Фиксатор за шминка

Испрскајте го Cream Skin Mist на делот од кожата каде ви е потребен навлажнет и блескав изглед па потоа нанесете ја шминката.

Tip 5. Спреј за коса и кожа

Пробајте да го користите Cream Skin Refiner Mist на сува коса и сува кожа на тело. Ова со сигурност ќe ja одржува вашата коса мека и хидрирана кожата на тело.

Tip 6. Нега на кутикулите

Пробајте да испрскате од Cream Skin Refiner Mist на суви кутикули и кутикули кои се лупат. Вашите раце ќе бидат хидрирани без чувство на лепливост.

X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница