Опис
Мултифункционален балм кој помага во намалување на видливоста на фините линии и обезбедува хидратација без чувство на маснотија. Формулиран е со комплексот „Collagen Complex 7“, кој вклучува колаген во четири различни големини од ултра ниска до висока молекуларна тежина со цел да ја поддржи еластичноста и цврстината на кожата за здрав изглед на тенот. Збогатен е со со состојката „Jelly Plum PHA™“ која помага во подобрување на текстурата на кожата и го засилува нејзиниот сјај. Содржи масло од семе од јапонска камелија, арганово масло, токоферол (витамин Е) и ши путер, кои помагаат во обезбедувањето на длабинска хидратација.





