Опис
Уште во минатото оризовата вода се користела од страна на жените во Азија за одржување на кожата. Познато е дека гејшите ја користеле оризовата вода за миење на лицето со цел да ја одржат еласичноста, да ја хидрираат и осветлат својата кожа. Поради тоа што е богата со антиоксиданси, витамини и минерали, водата од ориз помага во намалување на порите, ја хидрира,осветлува и и дава дополнителен сјај и порцелански тен на кожата.
Овој тонер содржи 77.78% екстракт од Гоами ориз, ја хидрира и ја осветлува безживотната и иритирана кожа. Нежно ги отстранува мртвите клетки и го изедначува и осветлува тонот на кожата, погоден за сензитивна и груба кожа правејќи ја сјајна. Освен екстракт од ориз, содржи и ниацинамид кој е моќен антиоксиданс и кој делува антиинфламаторно, ја подобрува еластичноста и бариерата на кожата и помага при хиперпигментации и за изедначување на тенот.
Екстрактот од семе од амарант е познат како „Богатство на Инките“ и природно содржи сквалан за длабоко хидрирање и навлажнување на кожата. Амарантот, исто така има антиоксидантни својства и ќе ја зголеми клеточната активност, така што ќе помогне во обновување и заштита на вашата кожа.
Клучни карактеристики на производот:
* содржи 77.78% екстракт од ориз(Goami)
* го изедначува и осветлува тенот и дава сјај на кожата
* ги отстранува нечистотиите од кожата
* пружа длабинска хидратација и ја подобрува бариерата на кожата