Опис
Сет за нега со 5 производи:
Haruharu Black Rice Serum 30ml
Haruharu Black Rice Hyaluronic Toner 30ml
Haruharu Black Rice Hyaluronic Cream 30ml
Haruharu Black Bamboo Mist 30ml
Haruharu Black Rice Facial Oil 10ml
Haruharu Black Rice Serum 30ml
Ферментиран серум за секојдневна употреба. Овој серум има ултралесна текстура, но со голема моќ на хидратација и нутритивни ефекти за кожата. WONDER Black Rice серумот е формулиран со 95% природно изведени состојки. Главна состојка во оваа крема е ферментираниот црн ориз кој е богат со антиоксиданси и е високо нутритивна состојка наменета за анти ејџ нега. Црниот ориз содржи висока концентрација на полифенол и флавоноиди, кои ја заштитуваат кожата од слободните радикали и стимулираат формирање на нови клетки на кожата. Исто така содржи и лековит екстракт од лист од Алое Вера, Хијалуронска киселина за длабинска хидратација и навлажнување на кожата и масло од лаванда за омекнување и смирување на кожата. Перфектен избор за секој тип на кожа. Не содржи штетни состојки, vegan-friendly и cruelty-free.
Haruharu Black Rice Hyaluronic Toner 30ml
Доживејте екстра брза, но и долготрајна хидратација и навлажнување на вашата кожа со WONDER Black Rice Hyaluronic тонерот, формулиран со 95% природно изведени состојки. Двете клучни состојки во составот на овој тонер се: ферментираниот црн ориз и хијалуронската киселина, кои заедно во комбинација овозможуваат одлична анти ејџ нега на уморната и безживотна кожа. Црниот ориз содржи висока концентрација на полифенол и флавоноиди, кои ја заштитуваат кожата од слободните радикали и стимулираат создавање на формирање на нови клетки на кожата. Хијалуронската киселина овозможува длабинска хидратација и навлажнување на кожата, додека бета глуканот и екстрактот од црвен женсен ја заздравуваат, зајакнуваат и подмладуваат кожата. Овој тонер има перфектно формулиран состав кој не предизвикува иритации на кожата и заради тоа е погоден за користење за секој тип на кожа, како и сензитивната кожа. Одличен тонер за вашата рутинска нега за кожата. Не содржи штетни состојки, vegan-friendly и cruelty-free.
Haruharu Black Rice Hyaluronic Cream 30ml
Крема наменета за секој тип на кожа, која дава беспрекорно потхранување и хидратација на кожата. Наменете за анти ејџ нега.
Уживајте во придобивките на природните хидратантни состојки содржани во WONDER Black Rice Hyaluronic кремата која е изработена од 95% природно изведени состојки.
Главна состојка во оваа крема е ферментираниот црн ориз кој е богат со антиоксиданси и е високо нутритивна состојка наменета за анти ејџ нега. Црниот ориз содржи висока концентрација на полифенол и флавоноиди, кои ја заштитуваат кожата од слободните радикали и стимулираат формирање на нови клетки на кожата. Во својот состав содржи и хијалуронска киселина, црвен женсен, смирувачка јаглика и масло од лаванда, состојки кои ја прават оваа крема перфектна за длабинска хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Наменета за користење на секој тип на кожа. Овој крема е веганска, не содржи никакви штетни состојки и никогаш не е тестирана на животни.
Haruharu Black Bamboo Mist 30ml
Распрскувачки тонер формулиран со 99% природни состојки за обезбедување на моментална влажност за да се освежи уморната кожа. Содржи 500 ppm екстракт од phyllostachys nigra и екстракт од бамбуза вулгарис кои се богати со антиоксиданси и ја негуваат кожата. Содржи бета-глукан за регенерација на кожата и бетаин за хидратација.
Haruharu Black Rice Facial Oil 10ml
Масло за лице од црн ориз: Лесно масло за лице формулирано со 99% природни состојки за богато негување на кожата за здрав и блескав тен. Содржи 45% масло од трици ориза сатива (ориз) од Кореја кое ја подобрува еластичноста на кожата и дава силен антиоксидативен ефект на кожата. Содржи сончогледово масло, масло од јојоба, масло од сладок бадем и масло од лаванда за зајакнување на бариерата на кожата.






