Опис
Лосион/тонер реформулиран со ферментирана хијалуронска киселина за поголема и подлабинска хидратација. Доколку сте ја користеле старата верзија на овој лосион/тонер со 5 видови на хијалуронска киселина овој ќе го обожавате уште повеќе бидејќи во својот состав сега содржи 7 типа на хијалуронска киселна. Новите две дополнителни хијалуонски киселини се со помали молекуларни тежини кои можат да навлезат подлабоко во кожата и длабински да ја хидрираат кожата без да се губи влажноста на површината на кожата. Исто така ја содржи и првата ферментирана хијалуронска киселина во светот, која е ферментирана од бактерии од млечна киселина со кои се произведува саке, што допринесува до хијалуронска киселина со висока стабилност во задржување на влажност и вода. Во својот состав содржи хидроксетил уреа, кој е дериват на уреа која е со нелеплива текстура со силна навлажнувачка способност како глицеринот за да за задржи водата во кожата. Содржи и диглицерин(NMF) природна состојка за навлажнување на кожата, го спречува испарувањето на водата од горниот слој на кожата со што се спречува трансемидермалното губење на водата. Лосион/тонерот е без мирис, без боја, без масло, без алкохол и без парабени. Одговара на сите типови на кожа идеален е за дува и дехидрирана кожа.