Опис
Млечен третман за коса кој што не се измива, ќе ја хидрира, негува и зајакне сувата и оштетена коса без чуство на тежина. Формулата има лесна и освежувачка млечна текстура која се впива веднаш при нанесување и може да се користи повеќе пати без да остава тежина во влакното. Содржи 8 видови на хијалуронска киселина и хитозан кои длабински ја навлажнуваат косата и создаваат заштитен слој што ја одржува косата мазна и хидрирана. Екстрактот од бисер и алги богати со минерали ја омекнуваат косата и ѝ даваат сјај, додека морскиот комплекс со растителни екстракти богат со витамини и минерали ја храни косата и ја обновува нејзината витална структура. Колагенската компонента ја помага рамнотежата на влажноста, а технологијата за заштита од топлина обезбедува дополнителна заштита кога косата се обликува со фен или пегла. Производот ќе ја направи косата мекa, сјајна и полесна за чешлање, со пријатен мирис на роза и црна рибизла, и најдобро се нанесува на подсушена или сува коса, со посебен фокус на краевите каде што косата најлесно се оштетува.


