Опис
Најјакиот ексфолијант на Geek&Gorgeus фокусиран на антиејџ нега, ексфолијант со 12% AHA киселина (10% гликолна киселина и 2 % млечна киселина) и смирувачкиот нопал кактус, преку ноќ открива свежа и сјајна кожа, а со редовно негово користење вашата кожа ќе изгледа се помлада и поздрава. Smooth Out има ниска ПХ вредност од 3.5-3.9.
Smooth Out и обезбедува на вашата кожа одредена количина на AHA киселина, која клинички е докажано дека го зголемува производството на колаген во кожата, а во исто време нејзиното дејство е сепак нежно. Комбинацијата од 12% гликолна и млечна киселина нежно, но сепак ефикасно ги отстранува мртвите клетки од површината на кожата и преку ноќ и ја враќа свежината и сјајот.
Со редовно користење на Smooth Out се поттикнува и зголемува производството на колаген, ги измазнува фините линии, ја избледува хиперпигментацијата и ја зголемува ефикасноста на третманите и хидратантните креми кои ги нанесувате подоцна.
Во Smooth Out, AHA киселината во комбинација со екстрактот од нопал кактус ги намалува потенцијалните нервносензорни надразнувања предизвикани од појаките количини на алфа хидрокси киселини. Исто така има додадено и екстра хумектанти со цел да ја зголемат способноста на кожата да ја задржи водата на млечната и гликолната киселина.
Бонус – Smooth Out е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен и безбеден за користење во текот на бременоста.
За кого е наменет Smooth Out?
За секој! Освен ако вашата кожа е многу сензитивна и склона на црвенило (во овој случај погледнете го Calm Down). Особено се препорачува ако вашиот фокус е кон паметното стареење, ако имате хиперпигментација или сакате да имате уште поизедначена, помека и блескава и сјајна кожа. Служи за третман на кожа без сјај, стареење, темни дамки, неизедначена и нерамна текстура на кожата.
Состојки и Научни истражувања:
Клучни состојки:
glycolic acid– Најдокажаната и најистражуваната AHA киселина која не само што нежно ја ексфолира површината на кожата туку исто така го зголемува производството на колаген во кожата и ги избледува темните дамки.
lactic acid – Втората најистражувана AHA киселина, која што не само што е нежна и ефикасна киселина за ексфолијација, туку и фантастичен хумектант.
nopal cactus + yeast extract – Уникатната комбинација од кактус и екстракти од квасец содржи молекули на пептиди со ниска тежина, јаглехидрати и врзани форми на минерали дизајнирани да ја смират нервносензорното надразнување предизвикано од високите количества на AHA киселини.
Galactoarabinan – природен полисахарид екстрахиран од дрво ариш кој ја намалува трансепидермалната загуба на вода, но истон така ја зголемувата ефикасноста на ексфолијантите за кожа.
Panthenol – Класична состојка за нега на кожа која е добро позната дека ја смирува, хидрира и заштитува кожата.
xylitylglucoside + anhydroxylitol + xylitol – трио хумектанти базирани на шеќер кои ја зголемуваат способноста на кожата да ја задржи водата и ја зајакнуваат кожната бариера.
sodium hyaluronate crosspolymer – нова генерација на хијалуронска киселина чија способност на задржување на водата во кожата е за неколку пати подобра од веќе познатата неверојатна моќ на задржување на водата во кожата на хијалуронската киселина која помага кожата да е добро хидрирана и навлажнета.
Научни истражувања:
Kim, Seong‐Jin, and Young‐Ho Won. “The effect of glycolic acid on cultured human skin fibroblasts: cell proliferative effect and increased collagen synthesis.” The Journal of dermatology 25.2 (1998): 85-89.
Leslie Baumann, MD, Cosmetic Dermatology, 2nd edition, Glycolic acid, 149o
Babilas, Philipp, Ulrich Knie, and Christoph Abels. “Cosmetic and dermatologic use of alpha hydroxy acids.” JDDG: Journal der Deutschen Dermatologischen Gesellschaft 10.7 (2012): 488-491.
Ramos-e-Silva, Marcia, et al. “Hydroxy acids and retinoids in cosmetics.” Clinics in dermatology 19.4 (2001): 460-466.