Geek&Gorgeous Mighty Melt 150ml
Добивате 28 Поени!

Geek&Gorgeous Mighty Melt 150ml

Достапност

Центар
East Gate
Аеродром
City Mall
Он-лајн

30 на залиха

Categories

Gift Cards

Потроши уште 1500 ден. и добиваш БЕСПЛАТЕН подарок.

TIRTIR Samples Mask Fit Red Cushion 6 Colors 21C/21N/21W/23N/24N/24W

TIRTIR Samples Mask Fit Red Cushion 6 Colors 21C/21N/21W/23N/24N/24W

Со суви врвови на прстите земете поголема количина од производот (големина на половина орев или цел орев) и нанесете ја на сува кожа. Нежно масирајте го Mighty Melt врз лицето и пределот околу очите со кружни движења. Додадете малку млака вода за да се создаде емулзија и да се отстранат сите траги од шминка и кремот со заштитен фактор. Исплакнете темелно, а доколку практикувате двојно чистење, продолжете со втор производ за чистење на база на вода – нашиот предлог: Jelly Joker Low pH Gentle Cleanser. Нежно исушете ја кожата со чиста крпа.
Ethylhexyl Palmitate, Oleyl Erucate, Olive Oil Peg-7 Esters, Peg-20 Glyceryl Triisostearate, Synthetic Wax, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin.

Опис

Нежен балзам за чистење, кој одлично и прилега на кожата, целосно ја отстранува дури и долготрајната водоотпорна шминка и кремот со заштитен фактор. Претставува идеален прв чекор во вечерното чистење бидејќи лесно се нанесува и брзо се топи на кожата, претворајќи се во свиленкасто масло што може да ги раствори и најтврдокорните нечистотии. Mighty Melt емулгира во допир со вода и се претвора во млечна емулзија која лесно се плакне, оставајќи ја кожата целосно чиста и мека, без никакви масни траги.
За кого е наменет?
За секој што бара нежен, а сепак темелен производ за отстранување шминка, кој лесно се плакне и ја остава кожата совршено чиста и мека.
Тип на кожа
Сите типови кожа, вклучително и чувствителната.
Проблем со кожата
Може да се користи без оглед на специфичните потреби или проблеми на кожата.
Текстура
Се трансформира од цврст балзам во свиленкасто масло.

Клучни состојки:
Ethylhexyl Palmitate – Емолиентен естер што лесно се размачкува и е особено ефикасен во разградувањето на водоотпорната шминка и кремот со заштитен фактор.

PEG-20 Glyceryl Triisostearate – Високо ефикасен, но благ сурфактант кој е нежен кон кожата и лесно се плакне без да остави масни траги. Тој е совршен сурфактант за балзами и масла за чистење кои лесно се отстрануваат со плакнење.

Olive Oil PEG-7 Esters – Течност растворлива во вода, но со маслени својства, добиена од маслиново масло; делува како ко-сурфактант во формулата.

Oleyl Erucate – Емолиентен естер од растително потекло (олеил алкохол + ерукска киселина) кој на кожата ѝ дава чувство на богата нега, а истовремено е одличен за растворање на шминката. Целосна INCI листа:
Етилхексил палмитат, олеил ерукат, PEG-7 естри на маслиново масло, PEG-20 глицерил триизостеарат, синтетички восок, феноксиетанол, етилхексилглицерин

    Најдобри во е‑трговијата

    0
      Корпа
      Кошничката е празнаПродавница
      Coslovemetics.mk
      Политика на колачиња

      Оваа веб-страница користи колачиња за да можеме да ви го овозможиме најдоброто можно корисничко искуство.
      Информациите за колачињата се зачувани во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што е препознавањето кога ќе се вратите на нашата веб-страница и им помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-страницата ги сметате за најинтересни и корисни.