10% попуст Добивате 10 Поени!

Geek&Gorgeous Liquid Hydration 5% Panthenol + NMF Toner 110 ml

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

128 на залиха

По чистењето на лицето, нанесете од тонерот наутро и/или навечер. Користете козметичко памукче или нанесете од тонерот на чисти дланки. Нежно разнесете го по кожата и продолжете понатаму со рутинската нега. Ако користите течен ексфолијант (како што е  Smooth Out, Cheer Up или Calm Down), наша препорака е прво да започнете со екфолијантот, а потоа да продолжите со тонерот. Ако го користите  C-Glow со Liquid Hydration, наша препорака е да започнете со  C-Glow, а потоа да продолжите со Liquid Hydration.
Water, Panthenol, Peg/Ppg/Polybutylene Glycol-8/5/3 Glycerin, Sodium PCA, Diglycerin, Urea, Hydrolyzed Rice Protein, Sorbitol, Lysine, PCA, Allantoin, Lactic Acid, Tocopherol, Citric Acid, Ethylhexylglycerin, Phenoxyethanol

Опис

Свиленкаст тонер за лице со 5% Пантенол + Природно Хидратантни Фактори (NMF) + Алантоин кој ја навлажнува, хидрира и смирува секој тип на кожа. Liquid Hydration има ниска ПХ вредност околу 4.5 – 5.

  • Пантенол (5%). Провитамин B5, познат по своите хидратантни и хранливи својства кој истовремено ја зајакнува кожната бариера, има моќно својство на смирување на кожата како и својство да залекува рани. Концентрацијата од 5% чии предности се поткрепени со истражувања е многу ретко присутна во тонерите.

 

  • NMF или природни хидратантни фактори. Компоненти кои се природно присутни во кожата, а нивната задача е навлажнување на епидермисот (горниот слој на кожата). Аминокиселините (во овој случај протеини од ориз), уреата, млечната киселина, PCA, натриум PCA и диглицерин спаѓаат во

 

  • Алантоин. Позната состојка која во синергија со пантенолот ја негува и заштитува кожата.

 

Бонус – Liquid Hydration е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ,  без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (содржи амино киселини, но не и липиди).

 

За кого е наменет  Liquid Hydration?

За секој кој сака хидратантен и навлажнувачки тонер. Liquid Hydration особено ќе им се допадне на сите оние кои сакаат повеќеслојно лесно хидрирање и навлажнување и имаат кожа која е склона на дехидрација, сензитивна кожа или пак ако користите јаки активни состојки (на пр. анти-акни препарати како што е бензоил пероксид или антиејџ препарати како што е третиноинот) кои ја сушат кожата и може да ја оштетат кожната бариера.

Научни истражувања:

Proksch, Ehrhardt, et al. “Topical use of dexpanthenol: a 70th anniversary article.” Journal of Dermatological Treatment 28.8 (2017): 766-773.

Journal of cosmetic science., 2011 Jul-Aug;62(4):361-70., Skin moisturizing effects of panthenol-based formulations.

Clinics in Dermatology, Volume 27 (5) – Sep 1, 2009, Common cosmeceuticals Fowler, Joseph. “Understanding the role of natural moisturizing factor in skin hydration.” Pract Dermatol 9 (2012): 36-40.

 

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница