Добивате 13 Поени!

Geek&Gorgeous Jelly Joker Low pH Gentle Cleanser 150 ml

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

44 на залиха

Навлажнете го лицето, истиснете од гелот на чистење на дланките и тријте го нежно но темелно во лицето и пределот околу очите. Убаво исплакнете го лицето со млака вода и исушете го со чист пешкир. Ако не користите водоотпорна шминка или водоотпорна крема со заштитен фактор,  Jelly Joker дејствува доволно темелно и не е потребно двојното чистење. Во тој случај, користете поголема количина од гелот и масирајте на кожа 30-60 секунди. Ако користите јака, водоотпорна шминка или едноставно секако сакате двојно чистење,  Jelly Joker е одличен избор како вториот чекор од двојното чистење.
Water, PEG-6 Caprylic/Capric Glycerides, Propanediol, Methyl Gluceth-20, Poloxamer 184, Caprylic/Capric Triglyceride, Hydroxyethyl Acrylate/Sodium Acryloyldimethyl Taurate Copolymer, Ammonium Acryloyldimethyltaurate/VP Copolymer, Panthenol, Allantoin, Xylitylglucoside, Anhydroxylitol, Xylitol, Citric Acid, Phenoxyethanol, Ethylhexylglycerin

Опис

Нежен, но темелен чистач за чистење и миење на кожата, во облик на богат и свиленкаст гел кој темелно ја чисти кожата и отстранува шминката, додека е  многу нежен со кожната бариера и воопшто не ја суши кожата. Jelly Joker не ги надразнува очите и има ниска ПХ вредност околу 5 – 5.4.

Во овој гел се комбинирани два многу нежни сурфактанти:  PEG-6 Caprylic/Capric Glycerid и Poloxamer 184 кои се впрочем главно познати како состојки присутни во мицеларната вода. Додадени се ксилитилглукозид, анхидроксилитол и ксилитол. Ова е хидратантно трио кое ја зголемува способноста на кожата да ја задржи водата и истовремено ја зајакнува кожната бариера. Нивната улога е чистењето на лицето да биде нежно и хидрирачко. Пантенолот и алантоинот се испробани и тестирани сосотојки за нега кои се додадени, за да чистењето на кожата биде уште понежно.

Бонус – Jelly Joker е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ,  без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбеден за користење во текот на бременоста и безбеден за користење на лица со маласезиа (квасници).

 

За кого е наменет Jelly Joker?

Jelly Joker е наменет за секој тип на кожа и за сите оние кои сакаат гелови за чистење кои не пенат. Буквално секој може да го користи, без разлика дали и каков проблем има со кожата или пак воопшто го нема. Може да се користи и на многу сензитивна кожа склона на црвенило или кожа со габички маласезиа (квасници).

Состојки и Научни истражувања:

клучни состојки:

PEG-6 Caprylic/Capric Glycerides + Poloxamer 184 – Многу нежни, а сепак ефикасни сурфактанти (средства за чистење) познати најмногу од мицеларната вода.

Xylitylglucoside + Anhydroxylitol + Xylitol – трио хумектанти базирани на шеќер кои ја зголемуваат способноста на кожата да ја задржи водата и ја зајакнуваат кожната бариера. Помагаат Jelly Joker  да е уште понежен и хидрирачки.

Panthenol + Allantoin – класично смирувачко дуо кое помага Jelly Joker да биде уште понежен.

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница