Опис
Geek&Gorgeous Hydration Station 50 ml
Освежувачка и лесна крема со геласта текстура која што не само што длабински ја хидрира кожата, туку истовремено ја заштитува и смирува кожата. Наменета е за нормална, комбинирана и масна кожа. Особено се препорачува за проблематична кожа склона на акни.
Hydration Station е cruelty free (никогаш не е тестирана на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, безбедна за користење во текот на бременоста и безбедна за користење на лица со маласезиа (квасници).
Во составот содржи 5% Глицерин, дополнет со уште два хидратори: молекул од новата генерација Isosorbide Dicaprylate и шеќерното трио Aquaxyl кои го помагаат транспортот на глицеринот преку епидермисот и ја зајакнуваат кожната бариера преку стимулација на производството на церамиди во кожата.
Во составот содржи и 1% Ектоин, прекрасна состојка која е задолжена за хидрирање и смирување на кожата, а истовремено ја заштитува кожата од сите видови на надворешни влијанија и стрес, како што е загадувањето, оксидативниот стрес, сината светлина итн. Смирувачкото дејство на Hydration Station е зголемено со уште плус две прекрасни состојки со смирувачко дејство: Алантоин и Бисаболол.
Тоа што ја прави посебна Hydration Station е тоа што всушност таа не содржи во составот. Ослободена е од сите три вообичаени состојки во кремите: масни алкохоли, масни киселини и силикони. Иако нема ништо погрешно во овие состојки, сепак е многу тешко да се пронајде формула без нив. Ако почувствувате дека “нормалните” креми ве нафрлуваат или пак имате кожа со малесезиа (квасници, фунгални акни или себороичен дерматит), тогаш Hydration Station е токму за Вас.
Научни истражувања:
Leslie Baumann, MD, Cosmetic Dermatology, 2nd edition, Glycerin – pages 275
Dry Skin and Moisturizers: Chemistry and Function, Marie Loden, Howard I. Maibach, chapter 20: Glycerol — Just a Moisturizer? Biological and Biophysical Effects
Buenger, J., and H. Driller. “Ectoin: an effective natural substance to prevent UVA-induced premature photoaging.” Skin Pharmacology and Physiology 17.5 (2004): 232-237.
Heinrich, Ulrike, B. Garbe, and H. Tronnier. “In vivo assessment of Ectoin: a randomized, vehicle-controlled clinical trial.” Skin pharmacology and physiology 20.4 (2007): 211-218.
Graf, Ruediger, et al. “The multifunctional role of ectoine as a natural cell protectant.” Clinics in dermatology 26.4 (2008): 326-333.
Chaudhuri, R. K., and K. Bojanowski. “Improvement of hydration and epidermal barrier function in human skin by a novel compound isosorbide dicaprylate.” International journal of cosmetic science 39.5 (2017): 518-526.
Leite e Silva, Vânia Rodrigues, et al. “Hydrating effects of moisturizer active compounds incorporated into hydrogels: in vivo assessment and comparison between devices.” Journal of cosmetic dermatology 8.1 (2009): 32-39.