Добивате 16 Поени!

Geek&Gorgeous Cheer Up 6% Mandelic + BHA Liquid 30 ml

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

22 на залиха

Откако ќе го исчистите лицето користете го Cheer Up како тонер, или на козметичко памукче или ставете на дланките и тапкајте го на лицето. Избегнувајте го пределот околу очите! Може да го користите секој втор ден до два пати на ден во зависност од прагот на толеранција на вашата кожа. За повеќето типови на кожа, еднаш во денот е идеална опција. Почекајте додека целосно се апсорбира и потоа продолжете со вашите омилени серуми и хидратантни креми. ВАЖНО: Манделичната (бадемова) киселина може да ја направи кожата посензитивна на сонце. Користете задолжително добра SPF крема наутро! Овој производ содржи BHA киселина, не го користете ако сте алергични на Аспирин.
Water, Propanediol, Mandelic Acid, Salicylic Acid, Xylitylglucoside, Anhydroxylitol, Xylitol, Sarcosine, Butylene Glycol, Pentylene Glycol, Glucose, Xanthan Gum, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol

Опис

Ексфолијант со средна јачина со 6% манделична (бадемова) киселина и BHA киселина (5% манделична киселина и 1% салицилна киселина) кој дејствува и на површината на кожата, но и длабоко во порите и на тој начин создава чиста кожа со изедначен тен. Cheer up  има ниска ПХ вредност од 3.2-3.6.

Лесна киселина која брзо се апсорбира во кожата во облик на течност, особено наменета за комбинирана кожа бидејќи дејствува брзо, но ефикасно. Дуото: манделична (бадемова) и салицилна киселина дејствува на површината на кожата и внатре во порите, а покрај тоа има антибактериско и антивоспалително дејство.

На ова дуо киселини придружник им е и Sarcosine, дериват на амино кислина, кој помага во стеснување на проширените пори и балансирање на производството на маснотии. Со редовно користење на Cheer Up, ќе решите многу проблеми со вашата комбинирана кожа, вклучувајќи ги проширените пори, производство на вишок маснотии, црни митесери, акни и дамки настанати од акни.

Cheer Up не ја надразнува, ниту ја суши кожата и е најдобриот пријател на комбинираната и проблематична кожа склона на акни. Всушност Cheer Up е најпродаваниот производ на Geek&Gorgeus и награден производ кој ја доби наградата за најдобар ексфолијант Cosmopolitan Beauty Award во 2018 година во Унгарија.

Бонус – Cheer Up  е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен, без присуство на маласезиа и безбеден за користење во текот на бременоста.

 

За кого е наменет Cheer Up?

За сите, но особено се препорачува за комбинирана и масна кожа со акни, црни митесери, зголемено производство на маснотии и проширени пори. Исто така е доволно нежен за користење и на сензитивна кожа склона на црвенило.

 

Состојки и научни истражувања:

Клучни состојки:

Манделична (бадемова) киселина – AHA киселина која доаѓа од горчлив бадем и е позната по своите нежни и антибактериски својства. Не само што врши ексфолијација на површината на кожата туку исто така помага во борбата со акните (особено ефикасна за пустули, но исто така помага и за воспалени нодули) како и дамките настанати од акни.

Salicylic Acid (BHA) – Добро позната киселина која е растворлива во масло и е златниот стандард во третирање на црните митесери и проширени пори. Дејствува одвнатре длабоко во порите и ги чисти од мртвите клетки на кожата кои всушност ги затвораат.

Sarcosine – Дериват на амино киселина која помага во нормализирање на производството на маснотии (не со сушење на кожата, исто така се нарекува  5α-Reductase инхибитор), ги стеснува проширените пори и ја изедначува и омекнува површината на кожата.

Xylitylglucoside + Anhydroxylitol + Xylitol – трио хумектанти базирани на шеќер кои ја зголемуваат способноста на кожата да ја задржи водата и ја зајакнуваат кожната бариера.

Przegląd Dermatologiczny 2015/4, Evaluation of the efficacy and tolerability of mandelic acid-containing cosmetic formulations for acne skin care

MB Taylor, Cosmetic Dermatology, 1999, Summary of mandelic acid for the improvement of skin conditions

Dermatologic Surgery, Jan 1, 2009, Glycolic Acid Peels Versus Salicylic–Mandelic Acid Peels in Active Acne Vulgaris and Post‐Acne Scarring and Hyperpigmentation: A Comparative Study

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница