Добивате 16 Поени!

Geek&Gorgeous Calm Down 4% PHA + BHA Liquid 30ml

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

5 на залиха

Откако ќе го исчистите лицето користете го Calm down како тонер, или на козметичко памукче или ставете на дланките и тапкајте го на лицето. Избегнувајте го пределот околу очите! Почекајте додека целосно се апсорбира и потоа продолжете со вашите омилени серуми и хидратантни креми. ВАЖНО: Овој производ содржи BHA киселина, не го користете ако сте алергични на Аспирин. ДОБРО ДА СЕ ЗНАЕ: Овој ексфолијант содржи само киселини кои не ја прават кожата посензитивна на сонце, а тоа го прави идеален нежен ексфолијант за користење во текот на летото. (Како и да е, УВ зрачењето е бр.1 надворешен фактор за оштетување на кожата, па затоа и препораката е сепак дека треба да користите добра SPF крема секое утро.)
Water/Aqua, Glycereth-26, Gluconolactone, Lactobionic Acid, Propanediol, Salicylic Acid, Panthenol, Glycerin, Opuntia Ficus‐Indica (Prickly Pear) Extract, Saccharomyces Cerevisiae Extract, Phragmites Kharka (Topical Reed) Extract, Poria Cocos Extract, Sodium Hydroxide, Phenoxyethanol

Опис

Екстра нежен и наменет за сензитивна кожа, ексфолијант со 4% PHA и BHA киселини (3,2% PHA киселина и 0,8 % BHA киселина) кој ја смирува, заштитува, навлажнува и хидрира кожата давајќи и здрав и блескав сјај. Calm Down има ниска ПХ вредност од 3.5-3.9.

Нежен и смирувачки ексфолијант во облик на течност како тонер, создаден за многу сензитивна кожа склона кон црвенило. PHA киселините се понежните сестри на познатите AHA киселини кои на сличен начин ги отстрануваат мртвите клетки од површината на кожата, но без никакви потенцијални иритации по кожата кои инаку се јавуваат со високи количини на AHA киселините. PHA киселините исто така се одлични за хидратација на кожата, давајќи и екстра антиоксидативна заштита. BHA или салицилната киселина е исто така нежен ексфолијант познат по своите антивоспалителни својства.

Киселините се комбинирани со неколку смирувачки, антиоксидативни и хидратантни состојки, па на тој начин Calm Down  не само што дава нежна ексфолијација, туку и ја смирува, хидрира и навлажнува кожата. Ако имате сензитивна кожа или барате навистина нежен производ,  Calm Down е вашиот најдобар пријател.

Бонус – Calm Down  е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла, без присуство на глутен и безбеден за користење во текот на бременоста.

За кого е наменет Calm Down?

За секој кој сака екстра нежна ексфолијација. Особено се препорачува за сензитивните типови на кожа, во текот на летото, или ако веќе користите други јаки активни состојки во вашите рутини како на пример јак ретиноид.

Ако ги имате следниве проблеми со кожата како: сензитивност, кожа без сјај и кожа со црвенило, Calm Down е дефинитивно вашиот избор.

Исто така е супер избор ако за прв пат почнувате да користите киселини за ексфолијација и сакате да започнете бавно со понежна опција. Во овој случај,Calm Down може да се комбинира со Smooth Out. Експериментирајте со нивна наизменична употреба се додека не ја пронајдете идеалната јачина на ексфолијација и фрекфенција на користење за вашата кожа. (на пример, одлична рутина со која може да започнете е да го користите Smooth Out два пати во неделата и Calm Down останатите денови).

Состојки и Научни истражувања:

Клучни состојки:

Gluconolactone + Lactobionic Acid  (PHA) – Киселини за нежна ексфолијација на кожата кои исто така ја хидрираат, навлажнуваат и и даваат антиоксидативна заштита.

Salicylic acid (BHA) – Киселина растворлива во масло која е позната по своите антивоспалителни својства.

Phragmites Kharka + Poria Cocos Extract – Природни екстракти кои имаат синергетски ефект во намалување на воспалението и и даваат екстра заштита на кожата од надворешните иритантни и стресори.

Nopal Cactus +Yeast Extract – Уникатната комбинација од кактус и екстракти од квасец содржи молекули на пептиди со ниска тежина, јаглехидрати и врзани форми на минерали дизајнирани да ја смират, хидрираат и навлажнат кожата.

Panthenol – Класична состојка за нега на кожа која е добро позната дека ја смирува, хидрира и заштитува кожата.

Научни истражувања:

Cutis., 2004 Feb;73(2 Suppl):14-7., A polyhydroxy acid skin care regimen provides antiaging effects comparable to an alpha-hydroxyacid regimen

Journal of Cosmetic Dermatology, , Volume 5 (1) – Mar 1, 2006, An evaluation of a polyhydroxy acid skin care regimen in combination with azelaic acid 15% gel in rosacea patients

Dermatologic Surgery, , Volume 30 (2) – Feb 1, 2004, The Polyhydroxy Acid Gluconolactone Protects Against Ultraviolet Radiation in an In Vitro Model of Cutaneous Photoaging

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница