Опис
Серум со ретинал со многу висока јачина од 0,2% стабилизиран, ретиналдехид со одржлива испорака + 1% смирувачки ектоин за значително да помогне против сите знаци на стареење. A-Game 20 е свиленкастаа, лесна емулзија и совршен избор за сите типови кожа.
Корисно да се знае: Овој производ е наменет за многу искусни корисници на ретиноиди. Ако започнувате во овој момент, препорачуваме да ја зголемите толеранцијата на кожата започувајќи со A – Game 5, па потоа со A Game 10 па потоа да започнете со A Game 20.
Ретиналот е „поголемиот брат„ молекул на најпознатата антиејџ состојка ретинол. Додека ретинолот бара два метаболитички чекори да ја достигне активната форма, ретиноичната киселина (третиноин), ретиналот е директен претходник со само еден чекор конверзија од активната форма која ја разбираат клетките на кожата. Проценето е дека ретиналот може да се претвори во ретиноична киселина повеќе од 10 пати поефикасно од ретинолот, што го прави исклучително ефикасен член на семејството ретиноиди (фамилја Витамин А).
Кога ретиналот се трансформира, тој им помага на клетките на кожата да произведуваат повеќе колаген и други стуктурни елементи, правејќи ја кожата помладолика, цврста и еластична. Исто така го забрзува процесот на регенерација на горните слоеви на кожа, правејќи ја кожата помека и поизедначена. A-Game е извонреден производ против стареење, ама е исто така корисен за избелување на пигментацијата како и помош за кожата склона на акни.
Бонус – A-Game 20 е cruelty free (никогаш не е тестиран на животни), вегански производ, без присуство на парфеми/мириси/ароми и есенцијални масла и без присуство на глутен.
За кого е наменет?
Го препорачуваме овој производ, доколку веќе сте го користеле A-Game 10, ви се допадна и чувствувате дека вашата кожа е подготвена за следното ниво. Во однос на текстурата, овој производ е одличен за сите типови на кожа, вклучително и комбинираната, мрсна кожа.
Состојки и Научни истражувања:
Клучни состојки:
Ретинал (0,2%) – Суперстар состојка против стареење која е директен претходник на ретиноичната киселина (активната форма што ја разбираат клетките на кожата) и покажува извонреден однос активност/толеранција меѓу локалните ретиноиди.
Ектоин (1%) – Неверојатен, сеопфатен заштитник на кожата кој има смирувачка и ќе понуди обнова на бариерата на кожата против иритација на кожата предизвикана од ретиноиди.
Алантоин и пантенол – Класично дуо состојки познати по нивните способности за смирување и заштита на кожата.
Биосахарид Гума-1 – Молекула на јаглени хидрати која има прекрасни способности за смирување и навлажнување на кожата и го прави A-Game уште понежен и свиленкаст.
Научни истражувања:
Creidi, P., and Ph Humbert. “Clinical use of topical retinaldehyde on photoaged skin.” Dermatology 199.Suppl. 1 (1999): 49-52.
Siegenthaler, G., J. H. Saurat, and M. Ponec. “Retinol and retinal metabolism.” Biochemical Journal 268.2 (1990): 371-378.
Fluhr, J. W., et al. “Tolerance profile of retinol, retinaldehyde and retinoic acid under maximized and long-term clinical conditions.” Dermatology 199.Suppl. 1 (1999): 57-60.
Creidi, Pierre, et al. “Profilometric evaluation of photodamage after topical retinaldehyde and retinoic acid treatment.” Journal of the American Academy of Dermatology 39.6 (1998): 960-965.
Mukherjee, Siddharth, et al. “Retinoids in the treatment of skin aging: an overview of clinical efficacy and safety.” Clinical interventions in aging 1.4 (2006): 327.
Dréno, B., et al. “Topical retinaldehyde with glycolic acid: study of tolerance and acceptability in association with anti-acne treatments in 1,709 patients.” Dermatology 210.Suppl. 1 (2005): 22-29.
Pechere, M., et al. “The antibacterial activity of topical retinoids: the case of retinaldehyde.” Dermatology 205.2 (2002): 153-158.