Опис
Мултифункционална ББ крема која има тројно дејство: осветлување на кожата, намалување и спречување на брчки и фини линии и пружа највисока заштита од УВ зрачењето SPF50+ PA+++. Во својот состав содржи слуз од полжав и пчелин восок кои се задолжени за зголемување на еластичноста на кожата, како и нејзино обновување и даваат одлична анти ејџ нега. Длабински ја хидрираат и потхрануваат кожата. Маслото од јојоба има антивоспалителни својства, ја смирува иритираната кожа, спречува нејзина дехидратација и е одлична анти ејџ состојка. Оваа ББ крема содржи и ниацинамид, хијалуронска киселина и аденозин за севкупен подобар изглед на кожата.