Опис
Cp-1 Bright Complex Intense Nourishing Conditioner е кондиционер за интензивно потхранување на косата со протеини. Дизајниран за користење во фризерски салони и домашни услови.
Кондиционерот е соодветен за користење за секој тип на коса, помага во спречување на проблеми и ја обновува бојадисаната или трајна коса. Кондиционерот има двојно дејство во исто време: дава инстантен видлив резултат и ја обновува структурата на косата одвнатре. Овој конционер може да се нанесува после секој шампон, на дневно ниво. Кондиционерот не ја масти косата.
Главните активни компоненти на овој кондиционер се протеините и колагенот. Протеините инстантно ја обновуваат безживотната коса, го враќаат нејзиниот сјај, свиленкоста и еластицитетот, обновувајќи ги расцветаните врвови на косата.
Колагенот го зголемува еластицитетот и густината на косата, одржувајќи оптимално ниво на влажност, ги обновува оштетените делови и и дава на косата природен сјај.
Останати состојки кои ги има во составот на овој кондиционер се: екстрактот од сладок корен (го елиминира сувиот скалп, се бори против првутот), свилени протеини (даваат сјај, навлажнување и хидратација на влакното), масло од кокос (ја навлажнува, потхранува и заштитува косата).