Опис
Хидроколоидни лепенки наменети за брза и ефикасна нега на акни и поединечни мозолчиња. Тие создаваат заштитна бариера врз проблематичната зона, штитејќи ја кожата од бактерии и надворешни нечистотии, додека воедно ја апсорбираат вишокот течност и нечистотии од воспаленото место. На овој начин го забрзуваат процесот на намалување на воспалението, го намалуваат црвенилото и ризикот од појава на лузни.
Лепенките се тенки, дискретни и лесно прилепуваат на чиста и сува кожа, па можат да се носат и преку ден и во текот на ноќта. Пакувањето содржи 24 лепенки во три различни големини, што овозможува соодветна грижа според големината на проблематичните места.



