25% попуст Добивате 66 Поени!

cosLOVEmetics фрижидерче за козметика Пинк

4.390ден 3.293ден

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

2 на залиха

Опис

Отсега вашиот омилен серум со витамин Ц, ретиноиди, производи на база на алое вера и останати природни екстракти, тонери, есенции, ампули, лист маски, вашата coslovemetics гел маска, ролери итн., чувајте ги во нашите преслатки мини фрижидержиња за козметика! На тој начин тие ќе ве служат подолго, со подобри ефекти и истовремено ќе ви пружат прекрасно разладувачко и освежително чувство и ќе ви помогнат во намалување на надуеноста, особено во овие жешки летни денови! Нашето фрижидерче покрај опција за ладење има и опција за греење, па можете да си овозможите и топол релаксирачки третман на вашата кожа, особено во постудениот период од годината!

Кога е сезона на патувања сигурно пренесувањето на вашата козметика во овие денови во автомобил ви создава мака и грижа за нивната ефикасност. Нашето фрижидерче за козметика го има решението и за овој проблем! Покрај кабел за приклучок во струја има и приклучок за полнач во автомобил. На вам ви преостанува да уживате во вашето патување и одмор!

Фрижидерчето за козметика можете да го чувате во вашата соба, бања, каде и да посакате! Тоа е компактно, преслатко и со сигурност ќе го разубави вашиот ентериер.

CosLOVEmetics фрижидерчето за убавина има рачка со помош на која може лесно да го пренесувате. Има капацитет од 6 л, надворешни димензии: 23.5x27x33.5cm, внатрешни димензии: 18x16x27.5cm. Има систем против замрзнување (антифрост), напојување 220V, моќност 50W. Со капацитет на ладење 20°C пониско од амбиенталната температура (максимум до 2°C) и капацитет на греење до 65°C.

Фрижидерот има гаранција 1 година.

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница