Опис
Cosdew Лепенки против брчки – 15 pcs
Лепенки против брчки, кои што се формулирани со моќни состојки како ретинол, колаген, хијалуронска киселина и ниацинамид за видливо да ги намалат фините линии и брчките. За само 3 часа користење се забележува ефектот на помазна кожа без брчки.
За поинтензивен ефект, лепенките користете ги преку ноќ, за наутро кожата да изгледа освежено, хидрирано и подмладено. Дизајнирани се за клучни зони како челото, фините линии околу очите како и назобијалните брчки. Овие лепенки даваат инстантен ефект на измазнувањ постоечките брчки, додека истовремено ќе ја подобрат еластичноста и хидратацијата. Со редовно користење, брчките и фините линии знчјано се намалуваат.
Ретинолот во нивниот состав придонесува за поцврст и помлад изглед на кожата, додека пак колагенот и хијалуронската киселина ќе и дадат полн и здрав изглед на кожата со природен сјај.
Како се користи:
1. После чистење и тонирање на кожата. Нанесете тенок слој на хидратантна крема и оставете да се впие.
2. Изберете ја соодветната форма на лепенка и нежно притиснете на местото каде што ќе ја поставите.
3. Оставете ги лепенките 3 часа или преку целата ноќ за најдобри резултати.
4. Отстранете ги внимателно, повлекувајќи од едната кон другата страна.




