20% попуст Добивате 2 Поени!

BENTON Aloe Soothing Mask Pack 1 парче

Достапност

Он-лајн
City Mall
Аеродром

20 на залиха

1. По чистење на лицето нанесете тонер за да ја направите кожата помека. 2. Отворето го пакувањето и ставете ја маската нежно на лицето. 3. По 10-20 минути остранете ја маската од лицето и тапкајте нежно да се впие целосно преостанатата есенција.
Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Water, Water, Camellia Sinensis (Green Tea) Leaf Water, Glycerin, Pentylene Glycol, Sodium PCA, Aloe Barbadensis (Aloe Vera) Leaf Extract, Sodium Hyaluronate, Beta-Glucan, Cucumis Sativus (Cucumber) Fruit Extract, Butylene Glycol, Xanthan Gum, Microcrystalline Cellulose, Sodium Gluconate, Betaine, 1,2-Hexanediol, Propanediol, Dipotassium Glycyrrhizate, Cellulose Gum

Опис

Оваа лист – маска е за единечна употреба на смирување, ревитализирање и хидрирање на кожата. Иако е наменета за сите видови на кожа сепак посебно е погодна за третирање на сува и затегната кожа како и на чувствителна иритирана кожа, вжештена кожа, кожа со лош баланс на масти и вода или пак на кожа на која и е потребен лесен немасен производ.

Клучни активни состојки на самата ткаенина која е потопена во моќен серум се водата и екстрактот од алое вера, водата од зелен чај, натриум PCA и натриум хијалуронатот. Самиот екстракт од алое вера и водата од зелен чај со своите антиинфламаторни својства создаваат услови за идеално смирување на кожата, а истовремено ја овозможуваат неопходната влажност. Натриумот PCA и натриум хиалуронатот ја интензивираат хидратацијата а тоа се состојки кои ја врзуваат водата и го спречуваат сушењето на кожата со што на самата кожа и даваат свеж и мазен изглед.

Разликата која ја нудат лист – маските за разлика од маските во вид на паста е во самата природа и форма на ткаенината која ја содржат лист – маските со која се прилагодуваат на лицето и серумот во кој е потопена ткаенината збогатена со хранливи состојки. Лист – маските се поставуваат на лицето и се оставаат 15-20 минуту за серумот да делува на кожата на лицето, а по самото отстранување на ткаенината лицето не се мие туку лесно се тапка со остатокот од серумот за да се апсорбира целосно. Ткаенината го спречува брзото испарување на серумот што овозможува тој да се апсорбира подолго време во кожата а на тој начин со употребата на ткаенината ги надминува резултатите од употебата на серуми.

Брендот Benton во својата филозофија и пракса нуди здрава формула без штетни состојки како: парабени, силикони, сулфати, минерални масла, испарлив алкохол или вештачки ароми и бои.

Овој производ е дерматолошки тестиран.

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница