Опис
Хидратантна крема чија намена е борба со предвременото стареење по пат на длабинска хидратација, навлажнување, потхранување и осветлување на кожата. Во својот состав содржи екстракт од корејски женсен, орхидеја, оризова вода, традиционални хербални корејски лековити состојки кои имаат антивоспалителни својства и ја смируваат и подмладуваат кожата. Има ултра лесна текстура која не дава апсолутно никакво чувство на лепливост и тешкотија и многу брзо се апсорбира во кожата притоа оставајќи ја мека, хидрирана и сјајна. Во својот состав содржи и мед, церамиди и сквалан кои имаат висока моќа на задржување на влажноста во кожата како и го поддржуваат производството на колаген за здрава и подмладена кожа.