Опис
Banila Co CLEAN IT ZERO CLEANSING BALM VITA-PUMPKIN во својот состав содржи екстракт од тиква за ревитализација на кожата, давајќи и здрав, свеж и чист изглед. Во составот содржи екстракт од тиква, Витамин А, Ц и Е кои и ја враќаат виталноста на кожата, ја заштитуваат и осветлуваат. Заедно во комбинација помагаат во омекнување на кожата и го стимулираат производството на колаген и притоа спречуваат предвремено стареење и ги третираат темните кругови и дамки. Banila Co CLEAN IT ZERO CLEANSING BALM VITA-PUMPKIN е создаден на брз и лесен начин да ги растопи сите нечистотии и шминка од вашата кожа. Со извонреден состав за кожата, комплетно ја чисти кожата и хидрира со само еден едноставен чекор. Перфектен прв чекор во вашата рутина за двојно чистење на лицето! Banila Co CLEAN IT ZERO CLEANSING BALM VITA-PUMPKIN е хипоалергенски чистач кој се трансформира од текстура налик на шербет во нежно масло кога се аплицира на кожата. Креиран да ја отстрани и шминката отпорна на вода и сите нечистотии на вашата кожа со само еден чекор. Zero Balance Технологијата темелно ја чисти кожата без да ја остави сува и затегната, оставајќи ја хидрирана и свежа.
Наменет за користење на секој тип на кожа.
Формулиран без присуство на:
•Парабени
•Сулфати
•Фталати
•Полиетилен
•Минерално масло
•Алкохол
•Вештачки бои