Опис
Ако вашата кожа е безживотна и имате акни, вам ви е потребна крема која содржи АХА и БХА киселина и ќе ја одржува кожата мека, чиста, а истовремено хидрирана.
Оваа крема во својот состав содржи 3% гликолна киселина и 0.45% салицилна киселина со цел да ги намали акните и спречи нивната понатамошна појава. Исто така содржи и 30% брезов сок за длабинска хидратација и навлажнување на кожата.
Станува збор за уникатен третман кој не ја суши кожата, туку напротив ја остава кожата осветлена, помека, со намалени брчки и без акни!