Добивате 21 Поени!

viBBoo Чаршав/Душек протектор Тенцел 120х60

Достапност

Центар
Аеродром
City Mall
Он-лајн

9 на залиха

Опис

Одржување: Се пере машински на 90 степени

Состав: Надворешно 100% тенцел, Внатрешно 100% полиуретан

Димензии: одговара на душек со димензии 120х60см и 124х64см

Чаршафот и протектор за душек (2 во 1) изработен од ТЕНЦЕЛ е дел од нашата viBBoo колекција со назнака “ ECO FRIENDLY производ”
Овој чаршаф и протектор за душек е: производ од природата, водоотпорен, спречува потење, ја контролира телесната температура на детето т.е не дозволува нејзино покачување како резултат од душекот, ја контролира влажноста и ја заштитува нежната детска кожа но го заштитува и душекот, овозможува релаксирано спиење, наменет е за чувствителна кожа, растеглив, хиполалергенскии, антибактериски и екстра лесен за одржување (се пере машински на 90°C).
Наменет за душеци со големина: 120-125цм x 60-65 цм.
Истиот може да се изработи и во поголема димензија, како на пример за брачни кревети, кревети за поголеми деца итн.

ШТО Е ТЕНЦЕЛ?
Тенцел е напредно влакно, произведено од биолошки разградливи материјали. Изработен е од 100% природна дрвена целулоза, со што го прави погоден материјал за животната средина и природа. Тенцел е пријатен во допир со кожата. Ткаенината е многу воздушеста, а исто така одлично ја впива потта и влагата и рамномерно ја враќа во просторот. Тенцел е одлична ткаенина за сите оние кои имаат чувствителна кожа.
Тенцелот се карактеризира со: мекост, луксуз, прозрачност, отпорност на гужвање. Спречува развој на бактерии со тоа што на природен начин ја отстранува влагата. Ултра нежен, мек и пријатен благодарејќи на свиленкастата површина.

ПРИМЕНА НА ТЕНЦЕЛ
Овој чаршаф и протектор за душек (2 во 1, како и сите производи изработени од Тенцел пружаат најдобро искуство за спиење! Еколошкиот и биоразградлив материјал е идеален за луѓе кои имаат високо развиена еколошка свест.

КАРАКТЕРИСТИКИ:
– Изразена моќ на апсорпција со природно разладување
– Спречува развој на бактерии
– Без хемикалии
– Мек како свила, јак како полиестер, прозрачен како лен, топол како волна и впива влага како памук.
– Биоразградлив
– Еколошко производство

ПРЕДНОСТИ
– Свежа и сува околина
– Здрав и сигурен
– Природен
– Напреден материјал со многу предности
– Може да се рециклира
– Произведен без штетни влијанија на околината, со максимална заштеда на вода и енергија.

Како се користи


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница