Опис
Pyunkang Yul Essence Toner+ сет од тестери
Pyunkang Yul Essence Toner обезбедува интензивна и длабинска хидратација проследена со одлична и брза апсорпција во кожата. Во својот состав содржи 91.3% екстракт од корен од Milk Vetch за длабоко потхранување и ревитализација и обновување на кожата. Текстурата на овој тонер/есенција е погуста, ултра брзо и одлично се апсорбира во кожата и ѝ дава на кожата блескав, измазнет и здрав финиш. Во својот состав содржи само 7 основни и здрави активни состојки со висока концентрација кои значително ја подобруваат еластичноста и виталноста на кожата. Во составот на овој тонер/есенција нема присуство на ниту една штетна состојка која може да предизвика кожни проблеми.
Главната состојка во овој тонер/есенција е екстрактот од корен од Milk Vetch. Тоа што ја прави посебна оваа состојка е тоа што коренот од Milk Vetch има ситни честички кои многу полесно и подлабоко навлегуваат во кожата и соодветно и длабински ја хидрираат и потхрануваат кожата. За разлика од прочистената вода која има поголеми честички и несоодветно се апсорбира во кожата, на тој начин што испарува. Коренот од Milk Vetch изобилува со изофлавоноиди кои се задолжени за значително подобрување на еластичноста на кожата преку антиоксидантите.
Pyunkang Yul Essence Toner е EWG сертифициран производ, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во неговиот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои.