Опис
Крема со СПФ50+, која е формулирана да биде мултифункционен производ кој содржи СПФ заштита, а истовремено да ги замени сите чекори во вашата утринска рутина(тонер, серум, есенција, крема, прајмер). Оваа гел крема е формулирана со високо ефективни и фотостабилни хемиски и физички филтри UVB и UVA(Octinoxate, Parsol SLX, Tinosorb S, Uvinul A Plus, Titanium Oxide), исто така содржи и дериват а витамин Ц како антиоксидант, и два типа на хијалуронска киселина за хидратација на кожата. Оваа крема може да ја нанесете на суво и чисто лице, и да продолжите со остатокот од денот, знаејќи дека вашата кожа е заштитена од УВ зраци, а исто времено хидрирана. Лесна гел текстура која не остава бели траги , масен слој на кожата и не се лупи по нанесување.