Опис
Крема за раце која изобилува со витамини, има смирувачко и подмладувачко дејство, темелно ја хидрира и потхранува кожата на рацете. Во својот состав содржи: колаген, Витамин Ц, Витамин Б3, Витамин Б5, Сончогледово малсо, Глицерин, Стеаринска киселина, Алое Вера.
Активни состојки:
- Витамин Ц – ја заштитува кожата од штетните слободни радикали и УВ зраците, спречува пукање на кожата.
- Колаген – ја зголемува еластичноста на кожата, ги намалува брчките, ја елиминира сувоста, ја активира синтезата на сопствениот колаген.
- Сончогледово масло – богат со витамини А, Е и Д, има навлажнувачки и регенерирачки својства, сувата кожа ја прави мека, еластична и мазна и штити од надворешни загадувања.
- Глицерин – врши подобро продирање на влагата во подлабоките слоеви на кожата, спречува честичките од прашина и микроорганизмите да навлезат во епидермисот.
- Стеаринска киселина – длабоко ја навлажнува кожата, спречува дехидрација, има антивоспалително и смирувачко дејство и штити од штетното ултравиолетово зрачење.
- Алое вера – го смирува воспалението, регенерира, тонизира и ја штити кожата од надворешни загадувања.
- Пантенол (витамин Б5) – ја стимулира регенерацијата на кожата и производството на колаген, ги измазнува брчките, ја навлажнува и ја храни сувата кожа.
- Ниацинамид (витамин Б3) – го забрзува обновувањето на кожата, ја подобрува нејзината еластичност и бариерната функција, ефикасно ја изедначува кожата на рацете и ги осветлува дамките.