Опис
Крема наменета за секој тип на кожа, која дава беспрекорно потхранување и хидратација на кожата. Наменете за анти ејџ нега.
Уживајте во придобивките на природните хидратантни состојки содржани во WONDER Black Rice Hyaluronic кремата која е изработена од 95% природно изведени состојки.
Главна состојка во оваа крема е ферментираниот црн ориз кој е богат со антиоксиданси и е високо нутритивна состојка наменета за анти ејџ нега. Црниот ориз содржи висока концентрација на полифенол и флавоноиди, кои ја заштитуваат кожата од слободните радикали и стимулираат формирање на нови клетки на кожата. Во својот состав содржи и хијалуронска киселина, црвен женсен, смирувачка јаглика и масло од лаванда, состојки кои ја прават оваа крема перфектна за длабинска хидратација и зајакнување на кожната бариера.
Наменета за користење на секој тип на кожа. Овој крема е веганска, не содржи никакви штетни состојки и никогаш не е тестирана на животни.