Опис
Pyunkang Yul Black Tea Time Reverse Eye Cream е крема за пределот околу очите која во својот состав содржи екстракт од ферментиран црн чај (чај од комбуха) и состојки екстрахирани од сирово дрво од Mulberry за ревитализација на кожата околу очите и обновен и свеж изглед. Во својот состав содржи и ши путер, масло од семе од макадамија, хијалуронска киселина и церамиди за потхранување на уморната и безживотна кожа со истовремено одржување на влажноста. Помага во намалување на појава на брчки и фини линии, осветлување на кожата околу очите и дава длабока хидратација и навлажнување.
Екстрактот од ферментиран црн чај (чај од комбуха) дава неверојатна антиоксидативна енергија, младешки изглед на кожата, постепено зајакнувајќи и омекнувајќи ја кожата околу очите. Комбухата е ферментирана од 7 до 30 дена и во својот состав содржи богати состојки како што се: полифенол и катехин.
Текстурата на оваа крема е нелеплива, но богато потхранувачка која брзо и ефикасно се апсорбира во кожата.
Pyunkang Yul Black Tea Time Reverse Eye Cream во својот состав содржи 2 различни пептидни елементи за зголемување на еластичноста на кожата и подмладување на опуштената кожа околу очите.
Во својот состав содржи бета глукан изведен од квасец кој има дејство да го спречи активирањето на штетните супстанци и содржи моќни антиоксидативни состојки кои даваат длабоко хранење на кожата.
Pyunkang Yul Black Tea Time Reverse Eye Cream е EWG сертифициран производ, со тестови преку кои е утврдено дека не е тригер за иритации и останати проблеми на кожата. Во нејзиниот состав нема присуство на вештачки парфеми/ароми/мириси и вештачки бои.