Опис
Missha All Around Safe Block Essence Sun SPF45/PA+++ е крема за заштита од сонце која нуди долготрајна и висока заштита од УВА и УВБ зраците заштитувајќи ја кожата од оштетување и предвремено стареење, со истовремено потхранување и темелна хидратација. Има двоен УВ систем на блокирање на зраците што обезбедува неверојатна заштита на кожата дури и при нејзино намокрување и потење, дури и во услови каде влажноста се зголемува. Исто така обезбедува подолготрајна заштита од сончевите зраци за разлика од другите креми за заштита од сонце поради тоа што поседува напреден двоен полимерен систем, што значи дека во услови на зголемено потење, наводенување и високи температури вашата кожа секако е целосно заштитена од УВА и УВБ зраците. Покрај заштитата од сонцето, оваа крема дава хидратација на кожата со ботаничката мешавина од 6 природни растенија, кои овозможуваат помека кожа и кожа со посветол, почист и посјаен изглед. Missha All Around Safe Block Essence Sun SPF45/PA+++ нуди висока заштита од сонцето и горење на кожата и го намалува ризикот од појава на рак на кожа и знаците на предвремено стареење доколку се користи на пропишаниот начин. Наменета е за користење на секој тип на кожа.