Опис
Вегански серум кој помага во смирување на црвенилото, ја подобрува оштетената бариера на кожата. Формулиран е со 12% азелаична киселина која помага да се намали појавата на црвенило, го регулира вишокот себум и ја подобрува текстурата на кожата. Оббогатен е со Lactobacillus PDRN за смирување на чувствителната кожа и зајакнување на бариерата за поздрав изглед на тенот. Содржи пантенол, бета-глукан и церамиди кои помагаат во нежна обнова на заштитниот слој. Вклучува и Amino NMF комплекс за надополнување на влажноста, како и цинк PCA и цинк хијалуронат за контрола на вишокот себум и одржување на балансот на кожата. Се одликува со лесна, проѕирна текстура и ја остава кожата чиста и освежена. Не содржи вештачки бои и мириси.




