Опис
Лесен, хидратантен лосион инспириран од „red smoothie“ формула, богат со екстракти од црвено овошје и растенија. Комбинира состојки како екстрат од јагода, малина, калинка, домат и цвекло, кои се богати со антиоксиданси и ја штитат кожата од надворешни стресори. Лосионот обезбедува длабинска хидратација, ја освежува и омекнува кожата, и помага во уедначување на тонусот. Лесната текстура брзо се впива, оставајќи ја кожата мазна, сјајна и енергизирана.


