Која храна и пијалоци предизвикуваат акни, а која храна и пијалоци треба да ја конзумираме за чиста кожа?

Кожата е нашиот најголем орган и е одраз на нашето здравје. Храната и пијалоците кои ги конзумираме директно влијаат на изгледот на нашата кожа на дневно ниво. Здравата исхрана има многу јака врска со најразлични состојби на кожата, како што се предвременото стареење, акните и останати воспалителни состојби на кожата.

Сите ние имаме омилена крема за лице или третман кои се навистина битни за потхранување на кожата и нејзиното здравје, но убавата и здрава кожа започнува со здравата исхрана одвнатре. Обновувањето на клетките на кожата е многу битен процес за здравјето на кожата кој треба да биде соодветно поддржан со клучните нутриенти.

Која храна и пијалоци предизвикуваат акни и треба да ја избегнувате?

Рафинирани јагленохидрати/шеќер/чоколадо – храна со бело брашно, како што е белиот леб, паста и бел ориз имаат висок гликемски индекс. Ова значи дека по нивното конзумирање се зголемува инсулинот кој е задолжен за производство на андрогените хормони кои пак ги поттикнуваат лојните жлезди да произведуваат повеќе маснотии, запушување на порите и предизвикување на акни.

Млечни производи – храна и пијалоци кои предизвикуваат разни воспалителни состојби на кожата како што се акни, егзема и брчки.

Кафе – како што знаеме кафето содржи многу кофеин. Кофеинот не држи будни, но истиот е виновник и за зголемениот стрес на телото. Кортилозолот уште познат како „хормон на стресот“ може да го зголеми производството на маснотии од вашите лојни жлезди. Ако пиете многу кафе или пиете доцна во денот тоа влијае и на вашиот сон. Помалку спиење значи повеќе стрес, кој може само да ја влоши состојбата со акните.

Путер од кикирики – содржи изобилие на Омега 6 масни киселини кои се тригери за појава на акни. Всушност тие го започнуваат воспалителниот процес во вашето тело, поттикнуваат лојните жлезди да произведуваат повеќе маснотии и запушување на порите, а со тоа и појава на акни. Додека Омега 6 масните киселини го започнуваат воспалителниот процес, Омега 3 масните киселини се задолжени за негово стопирање.

А, која храна и пијалоци треба да ги конзумирате за чиста кожа без акни и мозолчиња? 👇

 


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница