ГАЛАКТОМИС е најпопуларната состојка во производите за нега на кожа во Кореја. Многу Јапонски и Корејски производи за нега на кожата во својот состав содржат Филтрат од Ферментиран Галактомис, нуспроизвод на ферментирано саке.
Филтратот од Ферментиран Галактомис е моќна антиоксидативна состојка, екстремно богата со витамини, минерали, амино киселини, органски киселини, пептиди од квасец итн. (сите корисни состојки за кожата). Бидејќи филтратот од ферментацијата директно реагира на кожата, помага во осветлување на тенот и текстурата на кожата кога се користи подолг период. Исто така ги задржува водените молекули длабоко во кожата и на тој начин обезбедува долготрајна хидратација.
Галактомисот е балансирачка состојка за кожата која помага во ревитализација и хранење на кожата, значително подобрувајќи го нејзиниот изглед, а тоа значи дека дава неверојатни антиејџ ефекти. Ја заштитува кожата од штетните фактори и помага во отстранување на нечистоии, токсини и полутанти. И она што е најважно, скоро секој тип на кожа (дури масната кожа и кожа склона на акни) може да има бенефити од користење на производи во својот состав кои имаат Галактомис.
Бенефити од користење на Галактомис: 1.Намалено производство на себум и стеснување на порите, 2.Осветлување и изедначување на тенот и текстурата на кожата, 3.Длабока хидратација на кожата 4.Решавање на кожни проблеми (отстранување на мртвите клетки на кожата и спречува затворање на порите и појава на акни).
PURITO препорака за производ со Галактомис во својот состав – PURITO Galacto Niacin 97 Power Essence. Содржи неверојатни 92% Филтрат од ферментиран Галактомис и 5% Нијацинамид, комбо кое ќе ви даде максимални осветлувачки и измазнувачки ефекти за кожата, претворајќи ја вашата кожа во здрава и чиста.
iUNIK препорака за производи со Галактомис во својот состав: – iUNIK Rose Galactomyces Synergy Serum. Серум кој и пружа на кожата интензивно навлажнување, осветлување и нега на брчките и фините линии и контрола на лачење на себумот од порите. Во својот состав содржи уникатна патентирана мешавина на само природни и здрави состојки, т.е 50% Ферментиран филтрат на Галактомис и 10% вода од цвеќето Rosa Centifolia. Наменет за користење за сите оние кои имаат проширени пори и прекумерно лачење на себум, помасна Т зона а суви образи и за сите оние кои посакуваат чист и светол тен на кожата.
iUNIK Rose Galactomyces Silky Tone Up Cream во својот состав содржи уникатна патентирана мешавина на само природни и здрави состојки, т.е 5.000 ppm ферментиран филтрат на галактомис, вода од роза, патентирани природни конзерванси, патентиран Resmelin Complex – патентирани хербални екстракти, ниацинамид и аденозин. Наменета за користење за сите оние кои посакуваат да ја осветлат својата зацрвенета кожа, за сите оние кои сакаат брз мејк ап и за сите оние кои посакуваат да постигнат природен тен на кожата.