Зошто БХА киселината е битна за нега на кожата?

Ексфолијацијата на кожата е основна работа за мазна и хидрирана кожа со изедначен тен. BHA ексфолијантите се еден од најдобрите начини за ексфолијација на вашата кожа.

BHA ексфолијаторите ја раскинуваат врската помеѓу слоевите мртва кожа на површината и „новата“ и блескава кожа која се крие под нив. Тие на брз и нежен начин ги отстрануваат слоевите на мртва кожа и го отстапуваат местото на „новата“ помека, измазнета кожа со младолик изглед. BHA ексфолијантите помагаат и во намалување и отстранување на белите и црните митесери, затворените комедони и проширени пори. BHA киселината е растворлива во масло, навлегува длабоко во порите, чистејќи ги длабоко одвнатре вишокот на маснотии и останати супстанци кои предизвикуваат затворање на порите. Резултатот е значително помалку мозолчиња и останати неправилности на кожата и за многу кратко време видливо стеснување на порите.

Но, покрај се горенаведеното, BHA ексфолијантите на кожата и даваат неверојатни хидрирачки и анти-ејџ ефекти.

Бидејќи BHA киселината е комплетно неабразивна и има смирувачки својства, во секој случај е подобар избор за ексфолијација од било која механичка екфолијација. BHA киселината се препорачува за секој тип на кожа, не само за масна, комбинирана и проблематична кожа, туку и за нормална кожа и кожа со знаци на стареење, заради хидрирачките ефекти кои ги дава, намалувањето на брчки и фини линии, измазнување на текстурата на кожата и изедначување на нејзиниот тен.

Good to know – Ниту еден скраб за лице и друга механичка ексфолијација не може да ја замени улогата на BHA ексфолијантите, а тоа е темелното и длабинско чистење на порите одвнатре.⁣

При користење на BHA ексфолијанти, задолжително да се нанесува СПФ крема за заштита од сонце!

Препораки за BHA ексфолијанти 👇

Purito BHA Dead Skin Gel

Geek&Gorgeous Cheer Up 6% Mandelic + BHA Liquid е ексфолијант со средна јачина со 6% манделична (бадемова) киселина и BHA киселина (5% манделична киселина и 1% салицилна киселина) кој дејствува и на површината на кожата, но и длабоко во порите и на тој начин создава чиста кожа со изедначен тен. Лесна киселина која брзо се апсорбира во кожата во облик на течност, особено наменета за комбинирана кожа бидејќи дејствува брзо, но ефикасно. Дуото: манделична (бадемова) и салицилна киселина дејствува на површината на кожата и внатре во порите, а покрај тоа има антибактериско и антивоспалително дејство.

COSRX BHA Blackhead Power Liquid е ексфолијант кој во својот состав содржи 4% Бетаин Салицилат, друга форма на БХА киселина, која нежно ги отстранува мртвите клетки на кожата, вишокот себум и црните митесери внатре од порите и го забрзува заздравувањето на акните.

Benton Aloe BHA Skin Toner содржи состојки кои придонесуваат за здрава, хидрирана и сјајна кожа, како што се алое и салицилната киселина. Овој тонер ја хидрира и ја подготвува вашата кожа за да помогне во апсорпцијата на производите за нега на кожата во следниот чекор во вашата рутина.

 


X
0
    Корпа
    Кошничката е празнаПродавница