Здраво 👋
ние сме @coslovemetics.mk, @purito_mk и @bebehomemacedonia 😊
Kако започна се?
Годината е 2013, во нашата држава изборот за квалитетна опрема за бебиња е речиси никаков и со низок квалитет, па идните родители кои се во потрага на модерни и квалитетни производи за своето новороденче патуваат во соседните држави и оттаму купуваат сè што им е потребно!
Да… и ние бевме дел од нив, истражувавме, трагавме и го посакувавме најдоброто за нашето дете. Токму од нашето лично искуство произлегува идејата за основање на БЕБЕ ХОУМ ВИБ и како млади родители ја отвараме нашата прва продавница BEBE HOME во Skopje City Mall, а по 2 години и нашата втора продавница BEBE HOME во аеродром која се простира на површина од 500 м2. Со тоа стануваат веднаш достапни кај нас реномирани, висококвалитетни и модерни светски брендови за бебешка и детска опрема. Навиките на родителите се променети, повеќе не мора да заминуваат на бебе шопинг во соседните држави. Мисијата е успешна!
Годината е 2020, во нашата држава изборот за квалитетна козметика за нега на лице по достапни цени е навистина многу слаб, речиси никаков. Современите и модерни девојки и момци, свесни и желни за потребата за нега на својата кожа, секојдневно нарачуваат козметика од разни странски веб страни, чекајќи ги производите по 20-30-40 денови, притоа во исчекување проследено со страв во која состојба ќе пристигнат и што се ќе треба да направат за да ги добијат.
Една од тие, бев и јас. Жена со несовршена кожа, која истражуваше, трагаше, луташе во козметичкиот свет, притоа искусувајќи ги сите „highs” и „lows” на својата кожа! Сè додека не започнав со користење на корејската козметика за нега на лице и за првпат почувствував позитивни промени на својата кожа кои траат. Нашиот старт беше PURITO. Всушност PURITO е и првиот корејски бренд во нашето портфолио. По успехот со овој бренд, продолжуваме да воведуваме новитети како: Some By Mi, Laneige, Banila Co, Innisfree, Missha, COSRX, iUNIK, Benton, Pyunkang Yul, Dr.JART+. Но, во нашето портфолио покрај корејската козметика може да се пронајде и апсолутниот хит – европскиот бренд Geek&Gorgeus и канадскиот „clean” бренд за возрасни, деца и бебиња Attitude Living.
Тука не застануваме, во нашето портфолио може да се најдат и производи со наш печат – тој е cosLOVEmetics и PURITO.
Првично започнавме со изработка на практичните брендирани PURITO несесери за козметика, потоа со брендираните cosLOVEmetics траки за коса со bamboo туфери за повеќекратна употреба и со екстра практичните брендирани cosLOVEmetics пешкири/турбани за коса. Но, тоа не е сè! Ви подготвуваме уште многу изненадувања од cosLOVEmetics! Секој месец се трудиме да воведеме по некој новитет, сè со цел да ви овозможиме квалитетни производи по достапни цени, Вам веднаш достапни, бидејќи вие сте ни најбитни, пред сè пријатели, па клиенти. 🤗
Со љубов ❤️
Марија и Кире